Во петокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.
Утринските температури се движат од 9 до 16, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 15 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 28 степени.