![oblacno](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/oblacno.jpg?resize=660%2C330&ssl=1)
Работната седмица во земјава ќе заврши со променливо облачно време со со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде, исто така, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе досигне до 18 степени.