Времето во Македонија во понеделникот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 3 и 10, а соодветно максималните дневни ќе бидат од 9 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне 15 степени.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во среда времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во четврток времето ќе биде променливо со сончеви периоди и со повремен умерен до пороен дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.