Променливо облачно со повремени врнежи претежно од снег

Во саботата во Македонија ќе преовладува облачно и студено време, со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне.

Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер, и над 60 километри на час.

Утринските температури се движат од минус 3 до 5, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу минус 3 и 6 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.