Променливо облачно со претпладневни врнежи

Денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови на земјата каде ќе бидат пообилни, а на  планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Попладне врнежите ќе престанат, но ќе се задржи облачно, освен во крајните западни делови каде ќе има делумно намалување на облачноста.

Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Дневните температири ќе се движат од 2 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.