Променливо облачно со слаб локален дожд

Во најголемиот дел од земјата во вторник ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд. Во текот на дeнот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од минус 2 до 5, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер, со температура до 15 степени.