Во средата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локален слаб дожд. Претпладне по одделни котлини има појава на магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Утринските температури се движат од минус 2 до 4, а највисоките дневни ќе бидат во интервалот меѓу 4 и 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и магливо. Претпладне со услови за слаб дожд. Температурата ќе достигне до 9-от степен.