Во Македонија во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Утринсмите температури се движат во опсегот од минус 1 до 6, додека соодветно највисоките дневни ќе бидат од 5 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, во делови од котлината магливо со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи до 10 степен.