Променливо облачно со слаб локален дожд и снег

Работната седмица ќе започне со променливо облачно време со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.

Температурите продолжуваат да бидат високи за декември. Утринските температури се движат од 0 до 2 степена во планинските предели до 7 степени во југозапдните предели. Максималните дневни температури соодветно ќе се движат во интервалот меѓу 5 и 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне 11 степени.