Променливо облачно со слаб повремен дожд, попладне со локална појава на нестабилност

Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, пак, ќе преовладува нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринските температури се движат од 8 до 16, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 28 Целзиусови степени.

Во Скопје  и околината претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе достигне до 27 степени.