
Во Македонија во петокот ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди.
Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 5 до 15, додека соодветно максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 25 степени.