
Во петокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат меѓу минус 2 и 4, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот од 7 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко, со максимална температура до 17 степени.