Променливо облачно со сончеви периоди

Времето  во вторникот во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини во поголем дел од денот со магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат меѓу минус 9 и минус 1 степен.

Максималната температура во котлините каде ќе преовладува магливо време ќе биде во интервалот од  минус 3 до 2, а во останатиот дел од земјата од 6 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината во поголем дел од денот со магла и ниска облачност. Попладне ќе има делумно намалување на облачноста. Максималната температура ќе достугне до 2 степени.