
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=7
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната температура ќе се движи од 16 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=7
Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 23 степени.
Следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.