
Времето в недела во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Утринските темепратури се во распонот од 13 до 20, додека максималните дневни ќе се движат соодветено во интервалот меѓу 20 и 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе достигне до 29 степени.