Подрачјето на Македонија и натаму ќе биде под влијание на циклонска активност, па и во текот петокот ќе се задржи променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од 0 до 8, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 13 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно врме, попладне со повремен дожд. Дневната температура ќже достигне до 14 степени.