Променливо облачно со сончеви периоди и топло

Работната седмица ќе започне со променливо облачно со сончеви периоди, во понеделникот температурите сѐ уште ќе бидат нат просечните за овој период од годината, додека следните денови се очекува мал пад.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат од минус 1 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 9 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно времесо слаб до умерен ветер од северозападен правец и дневна температура до 16 степени.