Во Македонија во четвртокот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи.
Утринските температури се двожат од 3 до 12, додека максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе достигне 22 степени.