Променливо облачно со сончеви периоди, на југозападот повремен снег

Во вторникот утрото е студено, додека во текот на денот ќе преовладува променливо облачно со повеќе сончеви периоди особено во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.

Утринските температури се движат во оспегот меѓу минус 10 и 1, додека највисоките преку денот соодветно ќе бидат од 1 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро е студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, со температура до 9 степени.