
Времето во Македонија во средата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Утринските температури се движат во интервалот од 11 до 17, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат меѓу 22 и 29 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Темепратурата ќе достигне до 27 степени