![vreme-soncevo-so-umerena-oblacnost](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/vreme-soncevo-so-umerena-oblacnost.jpg?resize=500%2C250&ssl=1)
Во неделата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.
Утринските температури се движат меѓу 0 и 8, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 12 о 20 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто ткаа, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со значително пониска температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 19 степени.