Во петок во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од минус 6 до 0, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 4 и 13 Целзиусови степени.
Претпладне по одделни котлини има појава на магла, а попладне во западните делови од земјата ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.
Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.
Во Скопје и околината денескаќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне 8 степени.