Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне најпрвин во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер.
Локално ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје променливо облачно, во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Од недела и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.