Променливо облачно со сончеви периоди, температурите во раст

Во Македонија во четвртокот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините краткотрајно ќе провејува снег.

Утринските температури се движат од минус 5 до 3, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје  и околината денска, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и во делови од котлината со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурат ќе достигне до 10 степени.