
Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови ќе има слаб локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.
Следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд, а на планините слаб снег.
Од среда ќе има намалување на облачноста и пораст на дневните температури.