
Во Македонија во понеделникот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег.
Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места.
Утринските температури се движат од минус 1 до 6, соодветно максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 1 и 11 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 8 степени.