![oblacno](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/oblacno.jpg?resize=655%2C391&ssl=1)
Во Македонија во саботата ќе преовладува променливо облачно време со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со повеќе од 60 километри на час.
Утринските температури се движат од минус 6 до 2, додека највисоките дневни ќе бидат во интервелот меѓу 3 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 10 степени.