Во саботата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, пообилни во источните делови (20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се во интервалот меѓу минус 1 и 7, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 2 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 8 степени.