
Во Македонја во понеделникто времето ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови на повеќе места ќе биде со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе има вредност 5.
Минимачната температура се движи во интервалот од 11 до 20 степени, а максималната дневна ќе достигне од 25 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.
Утринската температура достигна 15, а дневната ќе се движи до 28 Целзиусови степени.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 32 Ѓуриште, 19 Кр.Паланка, Крушево, 18 Демир Капија, 16 Виница, Виница, 14 Охрид, 12 Битола, 10 Прилеп, 8 Тетово, 7 Штип, 6 Претор, Струмица, 5 Скопје Зајчев Рид, Тополчани, 4 Берово, Пожаране, 3 Маврово, 2 Скопје Петровец, Гевгелија, 1 Попова Шапка