Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со појава на грмежи особено во југозападниот и западниот дел од земјата. Преку ноќта нестабилноста ќе се смири и облачноста ќе се намали.
Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Утре претежно во западните делови од земјата ќе има појава на краткотраен дожд. Потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст. Во средината на неделата се очекува преодно наоблачување проследено со локални врнежи од дожд и услови за грмежи.