Времето во земјава ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, променливо облачно, посвежо и понекаде во регионот со повремено пороен дожд и појава на грмежи. Ветерот ќе биде северен и краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 33 степени.
Преку ноќта, како и денес претежно претпладне и во текот на пладневните часови ќе има појава локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.