Променливо облачно време, со дожд и ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 мнв врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 км/час).

Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.