Променливо облачно време со сончеви периоди

Во утринските часови во јужните делови ќе има локален дожд. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени, а дневните меѓу 10 и 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе достигне 17 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд.