![dozd](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/dozd.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.
Во петок времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.