Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура се движи од 6 до 14 степени, а дневната од 16 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Утринската температура се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен засилен ветер од јужен правев и ќе биде значително потопло.