Променливо облачно време со сончеви периоди не очекува и во текот на денешниот ден.
Локално се очекуваат повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи особено во источните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди
Во Скопје и околината денес се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
Утре потопло, од четврток повторно дожд
Утре времето ќе биде малку потопло со подолги сончеви периоди, а во четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи.