Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во источните и југоисточните делови на земјава, каде се очекува да наврнат околу 10-ина литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 19 степени, а дневната од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 6.
Од четврток следува период на стабилно, суво и потопло време со слаб до умерен северен ветер.