
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи од два до осум, а максималната дневна од 15 до 23 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од седум до 20 степени.
Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат од сабота кон крајот на денот.