Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и пад на температурите не очекува во текот на денешниот ден. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Температурата ќе се движи од девет до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Температурата ќе достигне до 14 степени.
Следи период на променливо облачно време
Како што информира УХМР, во наредните денови следи период на променливо облачно време без промена на дневната температура, а локален дожд ќе има во петок.