Променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со услови за локален слаб дожд не очекува во текот на денешниот ден. Врнежите од дожд особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 11 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично односно променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремен локален дожд. Повеќе врнежи се очекуваат в четврток кога кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен што ќе донесе заладување, односно температурата ќе опадне за неколку степени. Во западните делови на планините врнежите ќе поминуваат во снег каде се очекува да се формира и нова снежна покривка.