Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку потопло. Ќе има сончеви периоди и услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од шест до 16, а дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за проврнување на слаб дожд особено во претпладневните часови. Ќе дува умрен повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во наредите денови ќе преовладува променливо облачно време со слаб дожд и со ретки грмежи. Температурата на воздухот ќе има тенденција на постепен пораст.