Во утринските часови времето ќе биде со услови за појава на локален дожд во западните делови, а во текот на денот променливо облачно и особено претпладне со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури во земјава ќе се движат од 2 до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје во раните утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот облачно и со појава на магла поизразена претпладне. Максималната дневна температура ќе достигне 9 степени.
За утре метеролозите најавуваат претпладне со услови за магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот малку до умерено облачно со сончеви периоди и топло за овој дел од годината. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието.
До сабота утринската и дневната температура ќе бидат во пораст. Само во дел од котлините со појава на магла или значителна ниска облачност дневната температура ќе остане пониска. Врнежи од дожд ќе има во сабота, а од недела времето ќе биде постудено.