Прометот во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, пораснал за 10,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 13,7 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 22,4 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 21,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,9 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3 отсто, Капитални производи за 39,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 70,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 31,5 отсто.
Индексот на прометот во индустријата во октомври оваа година, во однос на претходниот месец, бележи раст од осум отсто, додека во периодот јануари-октомври оваа година, во однос на истиот период лани бележи пораст од 6,8 отсто.