Промоција на книгата „Свет без граници“ од Срѓан Керим и Данко Плевник во мај во Загреб

На 5-ти мај во хрватската престолнина Загреб е закажана голема промоција на книгата во која се сместени сеќавања и опсервации на  македонскиот државник и дипломат Среѓан Керим, а  којашто пред хрватската читателска публика е претставена како „Визијата на човекот кој беше ‘претседател на светот’“.

За огромниот интерес кој во Хрватска ја предизвика „Свет без граници“, како кај и обичната публика, така и кај етаблираната тамошна политичка елита, сведочи и фактот што за книгата во репрезентативниот просторот на Хрватскиот глазбен (музички) завод, покрај коавторите ќе говорат и двајца поранешни вицепремиери и хрватски министри за надворешни работи – Мате Граниќ и Весна Пусиќ.

Издавачот на книгата „Fraktura“ кон појавувањето на книгата на хрватскиот пазар пишува, меѓу другото дека „разговорите меѓу дипломатот Срѓан Керим и публицистот Данко Плевник … се приказна за една фасцинантна и успешна кариера“.

„Како ученик на католичката гимназија во Минхен, студент и докторант на Блеградскиот универзитет, младински функционер, минисер во владата на СР Македонија, портпарол на југословенското Министерство за надворешни работи, како и деловен човек во светот на медиумите, амабсадор и шеф на македонската дипломатија и, конечно, како претедател на 62-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации… Оваа низа од успеси го сочинува костурот на ‘Свет без граници’, рамка за напната приказна, но и рефлексии за Штип и Скопје…, борбата за меѓунардна афирмација на Македонија“, беше наведено меѓу другото по повод излегувањето на книгата.

Рецензетите на книгата оценуваат, исто така, дека станува збор „не само за книга на сеќавања, туку увидот кој го дава во меѓунардоните односи и светската политика ќе биде од полза за идните историчари“, како дело преку коешто слободно се промовираат идеите и луѓето, од Коча Поповиќ и Киро Глигоров, преку Будимир Лончар и Анте Марковиќ до Медлин Олбрајт, Бан Ки-мун, Џорџ В. Буш, Ангела Меркел па и холивудските ѕвезди, а авторите нудат космполитска визија.