Промоција на еко- календарот за следната година и прирачник за воспитувачи и наставници

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска во основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров, ќе присуствува на промоцијата на Еко-календарот и прирачникот за воспитувачи и наставници за 2014 година, кои се дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, којашто ја имплементираат Министерството за образование и наука и Здружението на граѓани “„ОХО“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Воедно, на училиштето ќе му биде доделено „зелено знаменце“ со кое се потврдува статусот на еко-училиште, односно училиште кое ги спроведува еколошките стандарди и препораки за здрава животна средина, согласно споменатата програма.