Промоција на еколошкото означување за туристичките сместувања

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе биде промовирано еколошкото означување за туристичките сместувања.

Ова е завршен настан од проектот „Воведување еколошко означени туристички услуги”, што го спроведува Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) со финансиска поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

На настанот ќе се обрати заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.