![knigi-gi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/knigi-gi.jpg?resize=620%2C413&ssl=1)
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“,на 16-ти јуни (четврток) во 12 часот 2016 година ќе се одржи промоција на монографијата „На пат за светото место“ од проф.д-р Танас Вражиновски, издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје.
На страниците од своето најново дело познатиот научник, со јазикот на фактите пишува за историјата и трагичната судбина на селото Смрдеш, родното место на славните војводи Васил Чакаларов и Пандо Кљашев.
Како и бројните населени места со македонско население во Егејска Македонија и ова село за време на Граѓанската војна во Грција ќе ја доживее трагичната судбина. Денес во селото е останата само селска црква која немо сведочи за злосторствата што ги доживеа македонскиот народ во безумната граѓанска војна.
Изданието ќе го промовира проф.д-р Тодор Чепреганов.