Промоција на мерката „Самовработување“ од Оперативниот план за 2017 година

план

Мерката на прес-конференција ќе ја образложат ресорниот министер Ибрахим Ибрахими и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски.

Оперативниот план за 2017 година има 22 програми и мерки за вработување, како и 11 услуги на пазарот на трудот. Таргет се тешко вработливите, посебно ранливите категории, примателите на социјална помош, самохраните родители, децата без родители или со еден родител, лицата со инвалидност.

Минатата година Оперативниот план отвори 8.400 работни места, а во 2017-та се очекуваат 10.000 нови вработувања.