На Институтот за трансфузиона медицина, денеска, ќе биде промовирана нова инсталирана медицинска опрема. Настанот ќе се одржи на одделот за имунохематологија.
Станува збор за два инсталирани апарати во амбулантниот оддел за одредување артериска периферна циркулација со кои компјутерски се одредува протокот на крвта низ артериските крвни садови.
Исто така и во лабораторискиот дел, инсталирани се два нови автоаналајзери за имунохематолошки испитувања на крвта на пациенти. На нив ќе се работат крвна група и Рх фактор на пациенти, бремени жени и новородени, како и скрининг и идентификација на антитела.