Министерот за економија, Ваљон Сараќини, денеска во рамките на активностите за промоција на новата кредитната линија на Европската банка за обнова и развој (WeBSEFF 2) од Регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан пред стопанските комори и единиците на локалните самоуправа, ќе учествува на презентацијата овојпат наменета за претставниците на локалната самоуправа.
На промоцијата ќе учествуваат претставници на Европската банка за обнова и развој, министерот за локална самоуправа Тахир Хани, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Коце Трајановски и градоначалниците, кои ќе имаат можност да се запознаат со кредитните линии наменети за финансирање на проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, за кои можат да aплицираат општините и другите лица од јавниот сектор кои ќе изразат интерес да спроведат проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.